Top Sport

Линекер уште еднаш се поправи: Германците не победуваат секогаш

Претходната верзија влезе во историјата, вели Гери Линекер. Славниот англиски голгетер и креатор на славната изјава „Германците секогаш победуваат“ вели дека по шокантната елиминација на Германија во групната фаза тоа веќе не вреди.

Популарниот ТВ-водител, по лудата победа од 2:1 против Шведска ја „апдејтираше“ изјавата, со доза на восхит кон „маншафт“.

„Фудбалот е едноставна игра, 22 луѓе трчаат по топката 82 минути, а потоа Германците добиваат црвен картон, по што 21 луѓе трчаат по топката 13 минути и на крајот Германците некако еб.но победуваат“, напиша тогаш на Твитер.

Сега, по 2:0 поразот од Јужна Кореја во едно од најголемите изненадувања во историјата на Мудијалите, Линкер ја даде конечната верзија.

„Фудбалот е едноставна игра, 22 луѓе трчаат по топката 90 минути и на крајот, Германците веќе не победуваат секогаш. Претходната верзија влезе во историјата“, објасни Линекер.

Потоа, тој со доза на задоволство им порача на Германците.

„Германците се во аут. Mein Gott. Auf Wiedersehen“, им порача Линекер по крајот на неговата емисија на „Би-би-си“.

Гери Линекер ја смени славната изјава за Германците

Scroll to Top