Top Sport

Лингард добил фантастичен совет од Роналдињо: Секогаш играј со насмевка

Џеси Лингард вели дека советот од бразилската фудбалска легенда Роналдињо „секогаш да игра со насмевка на лицето“ му помогнало да го заддржи позитивниот аспект на играта и покрај тешките моменти со Манчестер јунајтед.

Лингард е продукт на младинската школа на „Олд Трафорд“, пред да добие шанса во 2011 година, од кога има 183 настапи за клубот. Откако беше позајмен фудбалер во Лестер, Бирмингем, Брајтон и Дерби, тој конечно се врати во Јунајтед во 2015/16 по што заработи и место во англиската репрезентација.

Сепак, 26-годишниот Лингард нема најдобра сезона, откако нема стартувано меч во ПЛ од октомври, пред да се врати во тимот за дуелот од Лига Европа како капитен при 2:1 поразот од Астана во Лига Европа.

„Се сеќавам пред неколку години во Америка се сретнав со Роналдињо и тој ми даде одличен совет: ’Без разлика на сè, секогаш уживај во фудбалот, играј со насмевка на лицето’. Од тој момент го правам тоа. Таков совет од еден од најдобрите во историјата мора да се послуша. Секој кој сонувал дека еден ден ќе биде фудбалер, треба да се смее на теренот. Секогаш сакаш да победуваш, но треба и да уживаш во фудбалот. Амбицијата, секако, е да се освојуваа трофеи со Јунајтед“, вели Лингард.

Scroll to Top