Top Sport

Можните противници на Македонија на Евро 2020 – налетуваме на Германија или Холандија

Денеска (18.00 часот) во Букурешт ќе се оддржи полу-контролираната ждрепка за Европското првенство во 2020 година, уникатно по тоа што ќе се оддржува во 12 градови низ стариот континент, а првпат меѓу учесниците може да се најде и Македонија.

Македонија има шанси да се пласира на шампионатот благодарение на тоа што заврши како прва во својата група од Лигата на нации на УЕФА, но за тоа треба прво во март да се победи Косово дома, а потоа на гости да се биде подобар од дуелот Белорусија-Грузија.

Бидејќи процесот на ждрепка е полу-диригиран, веќе се познати потенцијалните противници на Македонија и пред ждрепката. Победникот во Д-плејофот ќе може да се најде само во две групи – групата Ц (со домаќини Амстердам и Букурешт) или групата Ф (со домаќини Минхен и Будимпешта).

Ако Исланд, Бугарија или Унгарија победат низ „патеката“ А тие влегуваат во групата Ф, а победникот од „патеката“ Д (потенцијално Македонија), оди во групата Ц.

Со ваков распоред на ждрепката, доколку завршиме во групата Ц, сигурни противници ни се Украина и Холандија, а третиот противник ќе биде еден од следните – Португалија, Турција, Австрија, Шведска и Чешка. Доколку сме во групата Ф пак, тогаш може да имаме уште посилна група. Таму сигурни се Германците, а потенцијални противници се и Франција/Полска/Швајцарија/Хрватска, како и Португалија/Турција/Австрија/Шведска/Чешка.

ГРУПА Ц (Амстердам, Букурешт)

Украина

Холандија

Португалија/Турција/Австрија/Шведска/Чешка

Македонија/победник од „патеката“ А или Д

ГРУПА Ф (Минхен, Будимпешта)

Германија

Франција/Полска/Швајцарија/Хрватска

Португалија/Турција/Австрија/Шведска/Чешка

Македонија/победник од „патеката“ А или Д

Фото: ФФМ

Scroll to Top