Top Sport

Лингард е подготвен да го напушти „Олд Трафорд“

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард е подготвен во зимскиот преоден рок да го напушти „Олд Трафорд“. Лингард бара клуб каде што ќе игра редовно, за да може да се бори за место во англиската репрезентација за Светското првенство во Катар.

Џеси Лингард, има договор со Манчестер јунајтед до јуни 2022 година. Незадоволен од статусот што го има кај менаџерот, Оле Гунар Солскјер, тој ја одбил понудата да го продолжи договорот.

Во летниот преоден рок интерес за Лингард покажуваа Милан, Барселона и Вест Хем, каде што играше успешно во вториот дел од сезоната.

Лингард од 1.јануари може да преговара со заинтересирани клубови.

Доколку го напушти Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок, Лингард, ќе има неколку месеци да го убеди селекторот на Англија, Герет Саутгејт, дека неговото место е во националниот тим.

Scroll to Top