Деновите на Џеси Лингард како фудбалер на Манчестер јунајтед изгледа се одброени, откако по извештаите дека Англичанецот одбил да потпише нов договор со клубот, на Инстаграм се пофали со фотографија во дресот на Вест хем, каде што во 2021 помина половина сезона и ја врати формата.
Се очекуваше Лингард да има поголема улога во тимот на Оле Гунар Солскјер, откако во Вест хем постигна 9 гола во 16 настапи за „чеканите“, но оваа сезона нема старт во Премиерлигата и поголемиот дел од мечевите ги помина на клупата.
28-годишниот Лингард на Инстаграм постави фотографија на која прославува во дрес на Вест хем, и според „Сан“, најверојатно во јануари ќе премине во клубот од Лондон во договор вреден 10 милиони фунти.
Лингард произлезе од академијата на Јунајтед и освои четири трофеи на „Олд Трафорд“ – ФА купот, Лига Европа, Лига купот и Комјунити шилд, настапувајќи во вкупно 218 настапи во кои имаше 35 гола и 21 асистенција.