Top Sport

Лингард ќе го напушти „Олд Трафорд“

Џеси Лингард во летниот преоден рок ќе го напушти Манчестер Јунајтед. На „Олд Трафорд“ се најавуваат промени во ростерот, се очекува неколку фудбалерите да пристигнат во Манчестер Јунајтед, што значи дека за неколкумина ќе нема место во тимот.

Лингард игра лоша сезона, ја загуби довербата на тренерот Оле Гунар Солскјер, поради што бил подготвен да го напушти клубот.

Поранешниот англиски репрезентативец бил подготвен да се пресели во клуб каде што ќе има можност да игра во континуитет.

Наводно тој кариерата ќе ја продолжи во Италија бидејќи неколку тимови биле заинтересирани за неговите услуги. Според медиумите најзаинтересирани за Лингард биле челниците на Интер.

Scroll to Top