Top Sport

Лингард може да остане во Вест хем, но само ако Рајс пристигне на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед се подготвени да го остават Џеси Лингард во Вест хем, но само доколку „чеканите“ се согласат во обратен правец да го пратат Деклан Рајс, секако со потребното надополнување на сумите.

Лингард ја „воскресна“ својата кариера откако пристигна во Вест хем во јануари, со шест гола и четири асистенции во само четири меча, а во исто време Оле Гунар Солскјер го цени високо фудбалерот од средниот ред Рајс (инаку поранешен фудбалер на Челси), кој беше еден од клучните играчи во фантастичната сезона за Вест хем.

Според „Атлетик“, Јунајтед се подготвени за ваква „трампа“, посебно бидејќи Солскјер никогаш не сметал на Лингард, посебно по пристигнувањето на Бруно Фернандеш во јануари 2020 година. Рајс би бил совршен наследник на 32-годишниот Немања Матиќ, но сумата која Вест хем ќе ја бара ќе биде астрономска.

Scroll to Top