Top Sport

Нов тежок пораз за Вардар за крај на неубедливата сезона во ЛШ

Вардар уште еднаш беше декласиран од стариот познаник, унгарскиот Веспрем, овојпат со 39:30 на гости, за потврда на елиминацијата во осминафиналето на ЕХФ Лигата на шампионите, каде што влегоа откако ЕХФ реши сите тимови кои беа во групната фаза да влезат меѓу најдобрите 16.

Вардарци тргнаа израмнето со Веспрем до 6:6, пред домаќините да се одвојат и да направат пет гола разлика на полувреме (20:15). Во второто полувреме оваа разлика порасна и на 10 гола разлика, за конечен пораз со девет гола разлика.

Поранешниот вардарец, Данил Шишкарев беше најефикасен за Веспрем со 6 гола, колку што имаше и Андреас Нилсон. Капитенот Стојанче Стоилов постигна пет гола за Вардар, колку што имаше и Тимур Дибиров, додека по четири имаа Чупиќ и Шеваљевиќ.

Во четврт-финалето е и белорускиот Мешков Брест, кој ја надополни негативата од два гола против Мотор Запорожје од првиот меч за конечна 30:23 победа. Во четврт-финалето се пласираа Веспрем, Мешков, Нант, Алборг, Кил, Флензбург, Барселона и Пари Сен-Жермен.

Фото: РК Вардар

ЕХФ ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Нант – Веспрем

Кил – Пари Сен-Жермен

Мешков Брест – Барселона

Алборг – Флензбург

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1/8 ФИНАЛЕ, 2.МЕЧ

Мешков Брест – Мотор Запорожје 30:23 (16:8), прв меч 30:32, вкупно 60:55

Веспрем – Вардар 39:30 (20:15), прв меч 41:27, вкупно 80:45

Пари Сен-Жермен – Целје 31:24, прв меч 37:24, вкупно 68:48

Претходно одиграни натпревари:

Кјелце – Нант 31:34, прв меч 25:24, вкупно 56:58

Алборг – Порто 27:24, прв меч 29:32, вкупно 56:56, Алборг има повеќе постигнати голови на гости

Кил – Пик Сегед 33:28, прв меч 33:28, вкупно 66:56

Барселона – Елверум 39:19, прв меч 37:25, вкупно 76:44

Флензбург – ППД Загреб вториот меч нема да се игра, прв меч 36:30

 

 

Scroll to Top