Top Sport

Лингард пред враќањето на „Олд Трафорд“ удри по Јунајтед за „неисполнетите ветувања“

Фудбалерот на Нотингем форест, Џеси Лингард вели дека добил „лажни ветувања“ дека ќе има минутажа во последната година во Манчестер јунајтед и вели дека уште не му е јасно зошто не добил повеќе шанси да игра.

Лингард, кој беше дел од фудбалската академија на „ѓаволите“ од својата седма година, се врати на „Олд Трафорд“ минатата година по успешната позајмица во Вест хем, каде што постигна 9 гола и имаше 5 асистенции во вториот дел од сезоната 2020/21. 30-годишниот Лингард има вкупно 232 меча за клубот од детството, но стартуваше само два меча минатата сезона под Оле Гунар Солскјер и Ралф Рангник пред да се реши на слободен трансфер во Нотингем.

„Не знам кој беше проблемот, дали политиката во клубот или други работи. Уште немам одговор и воопшто не прашав. Требаше поради времето кое го поминав во клубот, некој да ми каже во знак на респект. ‘Ова е зошто не играш’ и ќе беше појасно. Имаше само неисполнети ветувања. Тренирав и бев во форма, но не играв. Сега не смеам да влегувам во емотивности. Но, ќе биде шанса да се збогувам бидејќи не го направив тоа“, вели Лингард за „Телеграф“.

Scroll to Top