Top Sport

Милан го носи Наби Кеита како слободен агент следното лето

Директорот на Милан, Паоло Малдини, сака да го доведе Наби Кеита на „Сан Сиро“. Фудбалерот за врска како огромно засилување дојде во Ливерпул и беше платен дури 65 милиони евра за да се пресели од Лајпциг во „црвените“, но не ги оправда вложените средства. Сега би можел да дојде во Милан како слободен агент следното лето.

Наби Кеита веќе во јануари ќе може да преговара со евентуалните нови работодавци. Милан го посакува во своите редови, бидејќи Ливерпул нема намера да го продолжи неговиот договор.

Кеита е репрезентативец на Гвинеја и има 27 години.

Scroll to Top