Top Sport

Лингард сака да ја „воскресне“ кариерата во Милан

Англиските медиуми тврдат дека Џеси Лингард би сакал да направи трансфер во Милан и веќе почнал да се распрашува кај своите поранешни колеги од Манчестер јунајтед, Ешли Јанг и Крис Смолинг за животот во Серија А.

„Индепендент“ и „Метро“ тврдат дека Англичанецот е подготвен да замине од „Олд Трафорд“ откако го загуби местото во првиот тим под Оле Гунар Солскјер, а откако го ангажираше Мино Рајола како свој агент, се зголемија шпекулациите дека има цел да најде работа кај „росонерите“.

27-годишниот Лингард би бил петти поранешен фудбалер на Јунајтед во Серија А, по Ешли Јанг (Интер), Крис Смолинг (Рома), Алексис Санчез (Интер) и Ромелу Лукаку (Интер). Јунајтед бараат околу 20 милиони евра за неговиот потпис, но поголем проблем би претставувала огромната плата која ја добива Англичанецот.

Scroll to Top