Top Sport

Тотенхем потврдија позитивен тест на корона вирус

Неименуван член на Тотенхем имал позитивен тест на корона вирусот, потврди тимот по последните тестирања на сите клубови во Премиер лигата.

Шемата на тестирање во Премиер лигата стартуваше на 17 мај и досега имаше четири рунди тестирање, со еден позитивен тест во средата од 1.200 тестирани.

„Премиер лигата може да потврди дека тестовите од 1 јуни и 2 јуни, 1.197 фудбалери и членови на тимот беа тестирани на КОВИД-19, со еден позитивен тест. Човекот кој беше позитивен сега оди во самоизолација од седум дена“, се вели во соопштението од Премиер лигата.

Вкупно 13 луѓе имаа позитивни тестови, од кои шест беа во првата рунда на тестирања на 17 и 18 мај. Во Премиер лигата остануваат да се доиграат девет кола.

Scroll to Top