Џеси Лингард се враќа во Премиер лигата. Според информациите на Островот, Лингард би можел да потпише краткорочен договор со Евертон, до крајот на сезоната.
Лингард е без клуб од летото, откако Нотингем Форест не му понудија нов договор.
Менаџерот на Евертон, Шон Дајч верува дека Лингард може да му помогне на неовиот тим до крајот на актуелната сезона, иако е надвор од конкуренција од летото.
Тренираше со Вест Хем, како и со Ал Етифак на Стивен Џерард, но не доби договор.
Лингард одигра 20 натпревари за Нотингем Форест во сезоната 2022/23 и постигна два гола.