Top Sport

Лион еден меч во ЛШ ќе игра без публика

Олимпик Лион еден натпревар ќе мора да игра пред празни трибини, поради нередите што ги предизвикаа навивачите минатата сезона на натпреварот против ЦСКА Москва, објави УЕФА.

Натпреварот Лион-ЦСКА се одигра на 15.март во Франција, а навивачите фрлале разни предмети на теренот, користеле пиротехника, ги блокирале скалите и наспротски навивале.

УЕФА, исто така го казни Лион и парично со 100.000 евра.

Според она што го објави европската куќа на фудбалот, доколку се случи сличен инцидент во наредните две години, стадионот на Лион автоматски ќе биде суспендиран на уште еден натпревар.

Лион оваа сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите, а имињата на противниците ќе ги дознае в четврток.

Scroll to Top