Лион со минимални 1:0 го победи Сент Етјен во дербито на Рона-Алпите за да се искачи на второто место во француската Ла лига, зад недостижните Пари Сен-Жермен.
Лион влегоа во мечот како фаворити со победа во последните четири натпревари, но имаа проблеми со одбраната на „зелените“, посебно во првото полувреме. Единствениот гол на мечот го постигна Белгиецот Џејсон Денаер по одличното нафрлање на Мемфис Депај.
Лион го заврши мечот со 10 фудбалери, откако Рафаел доби директен црвен картон во 70. минута од мечот.