Top Sport

Будуќност со неверојатен пресврт до победа над досега непоразената ЦСКА!

Будуќност ја забележа втората победа во деби-сезоната во Евролигата, откако со драматичен пресврт успеа со 93:92 да биде подобра од ЦСКА Москва иако губеше со 17 поени разлика.

Во „Морача“ тимот на Александар Џикиќ стигна до досега најимпресивната победа во Евролигата, откако Данило Николиќ ги постигна победничките поени на пет секунди пред крајот за актуелниот АБА шампион кој мораше да се враќа по лошото прво полувреме во кое гостите имаа предност од  35:49.

Но, во третата четвртина, предводени од Ерл Кларк и Немања Гордиќ, Будуќност се врати во игра и направи целосен пресврт. Кларк со 18 поени беше најефикасен на мечот, 17 имаше Гордиќ, додека Николиќ заврши со 14. Со оваа победа, веќе нема непоразени во Евролигата, бидејќи „Армејците“ имаа совршени 8-0 до гостувањето во Подгорица.

ЕВРОЛИГА, 9.КОЛО

Жалгирис Каунас – Химки 83:84 (26:19, 13:18, 18:21, 26:26)

Басконија – Панатинаикос 86:77 (20:12, 24:20, 29:23, 13:22)

Будуќност – ЦСКА Москва 93:92 (17:21, 18:28, 30:18, 28:25)

Барселона – Милано 90:80 (24:25, 29:17, 21:12, 16:26)

Scroll to Top