Top Sport

Лион го избркал Марсело дека многу прдел во соблекувалната

Бразилецот Марсело Гедес, во јануари доби отказ во Олимпик Лион, поради недолично однесување од Лион. Пет месеци подоцна е објавено која била причината за отказот и таа е најблаго кажано бизарна. Централниот дефанзивец добил отказ поради испуштање „гасови во соблекувалната“.

Марсело Антонио Гедес Фиљо настапуваше за првиот тим на Олимпик од Лион од 2017 до 2021 година, за да го помине првиот дел од оваа сезона во Б тимот.

Централниот дефанзивец не беше миленик на спортскиот директор и легенда на клубот Жунињо Пернамбукано, кој постојано го критикуваше поради лошата форма и однесувањето кон сонародниците.

Сето тоа кулминираше во август минатата година, кога 34-годишниот фудбалер беше отстранет од првиот тим, а потоа доби отказ и се пресели во Бордо, со кој подоцна испадна од Лига 1.

Неколку месеци подоцна е откриена причината за прекин на соработката, таа е бизарна. Добил отказ дека премногу прдел во соблекувалната. Тоа редовно го правел и им се смеел со соиграчите, што беше доволно за Жунињо да го избрка од тимот.

Некогаш феноменалниот бразилски играч од средниот ред, кој сега е спортски директор, потоа разговарал со тренерот за однесувањето на Марсело Гедес. Наводно, нивната средба траела четири часа, а потоа било одлучено тој да биде исфрлен од тимот.

Scroll to Top