Top Sport

Лион го освои „Паркот на принцовите“, посериозна повреда на Нејмар!

Лион успеа да стигне до славна 0:1 победа на гостувањето кај Пари Сен-Жермен, за да осигура францускиот шампион да биде симнат од првото место во Лига 1.

Тино Кадевере го постигна единствениот гол на мечот во 34. минута по несфатливата грешка на одбраната на ПСЖ, за Лион да се израмни со првопласираниот Лил на 29 поени во Франција, додека ПСЖ се само трети со 28 поени.

Уште поинтересно, Марсеј се четврти со 27 поени, и дури два натпревари помалку, најавувајќи, конечно, малку возбуда околу борбата за врвот во лигата во која подолго време доминира гигантот од Париз.

Грижите за тренерот Томас Тухел може и да се поголеми, откако Нејмар доби посериозна повреда на скочниот зглоб по еден груб фаул на Енрике во финишот на мечот, и мораше да биде изнесен на носилки.

Scroll to Top