Лион стигна до гостинска победа кај Ница од 5:0, предводени од Холанѓанецот Мемфис Депај за продолжување на победничката низа и за скок на второто место во Лига 1, шест поени зад ПСЖ, кои вечерва гостуваат кај Монако.
Лион нема примено гол од 19 октомври, а уште пофасцинантно, Лион го заврши мечот со шест играчи (Гуири, Маолида, Корне, Ндомбеле, Ауар и Диахаби) кои имаат 21 година или помалку.
Исто така, ова е трета гостинска победа од 0:5 за Лион, по триумфите кај Амиен и кај Сент-Етјен. Покрај тоа, на Лион им е суспендиран најдобриот играч оваа сезона, капитенот Набил Фекир.