Top Sport

Лион се раздели со Блан по 11 месеци

По катастрофалниот старт на сезоната, Олимпик Лион објавија дека се разделиле со тренерот Лорен Блан по 11 месечна соработка, и неговото место ќе го пополнува Жан-Франсоа Вулие додека не се најде постојан тренинг.

По 4:1 поразот од Пари Сен-Жермен пред интернационалната пауза, Лион се наоѓаат на последното место на табелата со само еден поен од четири натпревари. Блан ја презеде позицијата од Холанѓанецот Петер Бос во ситуација во која клубот беше на деветтото место, но на крајот на сезоната успеаја да го крене на 7. место, што значеше дека втора сезона во низа тимот не се пласираше во европските купови.

Прв меч на Вулие ќе биде дуелот со новиот прволигаш Ле Авр на 17 септември.

Scroll to Top