Top Sport

Лион убедлив за уште една мизерна партија за Монако (видео)

Осумнаестото коло од француската Лига 1 беше „скратено“ откако неколку натпревари беа одложени поради протестите и бурната ситуација во земјата, но вечерното дерби меѓу Лион и Монако се одигра и беше многу еднострано.

Лион, во моментов на третата позиција на табелата, едноставо го декласираше Монако со 3:0, поранешниот француски шампион, кој сигурно ќе се бори за опстанок оваа сезона под водство на новиот тренер Тјери Анри, кому едноставно не му оди.

Ауар, Фекир и Менди постигнаа голови за „лавовите“, оставајќи го Монако на претпоследното место на табелата со само 13 поени, три поени од зоната за испаѓање.

ЛА ЛИГА, 18.КОЛО

Ним – Лил 2:3

Ница – Сент Етјен 1:1

Лион – Монако 3:0

Scroll to Top