Top Sport

Одмаздата е слатка! Меси како „казнена експедиција“ за Леванте (видео)

Минатата сезона, токму гостувањето кај Леванте се покажа како „кобно“ за Барселона по спектакуларната 5:4 победа на домаќините, но овојпат Лео Меси и Блауграна ги поставија работите на своето место триумфирајќи со фантастични 0:5 предводени од аргентинскиот „маестро“.

Лани, Барселона имаше низа од 43 меча без победа кога дојде во Валенсија, и Леванте поведе со 5:1 во претпоследниот меч од сезоната, но Барса се врати за да го ублажи поразот на 5:4, но ја пропушти шансата да стане првиот шпански клуб кој поминал цела сезона без пораз.

Ова како да ги мотивираше Меси и Барса, кои сакаа да покажат кој е шампионот. Луис Суарез го отвори резултатот во 35. минута, по што следуваше „шоуто“ на Лео, со хет трик со голови во 43., 47. и 60. минута, пред Жерард Пике во 88. минута да го постигне петтиот гол, секако, на асистенција на Меси!

Македонскиот репрезентативецот или Барди „снајперот“, како што во најавата го презентираше „Марка“, го одигра целиот меч, но за разлика од спектаклот минатата сезона, кога постигна два гола, овојпат „мируваше“.

ЛА ЛИГА, 16.КОЛО

Севилја – Џирона 2:0

Еспањол – Бетис 1:3

Хуеска –  Вилјареал 2:2

Леванте – Барселона 0:5

Фото: ЕПА

Scroll to Top