Top Sport

Лион верува дека Фекир останува

Ѕвездата на Лион, Набил Фекир „95 отсто“ останува во клубот, вели претседателот Жан-Мишел Олас и покрај обидите на Ливерпул да го донесат францускиот репрезентативец на „Енфилд“.

Лион ги почна преговорите со Ливерпул за трансфер, но се повлече во последен момент, откако интерес појави и Челси. Фекир, кој во неделата парадираше со трофејот од СП на „Групама“ стадионот во Лион, иако го прескокна првиот меч од сезоната, и сега речиси сигурно останува барем уште една сезона, смета Олас.

„Сите фудбалери сакаат да играат во големи клубови, но ние ќе го имаме истиот пристап кон Набил како кон нашите други фудбалери. Ќе почекаме до крајот на преодниот рок, но мислам дека 95 отсто е сигурно дека тој останува. Тој ја виде љубовта на фановите. Лион е одличен град за фудбал“, вели Олас.

Scroll to Top