Top Sport

Каква грешка! Салпетер заборави дека има уште еден круг од трката (видео)

Израелската тркачка Лонах Салпетер направи неверојатна грешка во вчерашното финале на 5.000 метри, откако застана еден круг пред крајот мислејќи дека го освоила сребрениот медал.

Салпетер, која е родена во Кенија, но стана израелска државјанка по бракот со тренерот Дан Селпетер, заостануваше само зад Холанѓанката Сифан Хасан во претпоследниот круг од трката, по што славеше како да освоила медал.

На крајот, таа сфати дека има уште 400 метри за трка, но веќе беше предоцна – Сифан освои злато, Турчинката Јасемин Џан сребро, а Британката Ајлиш Мекколган бронза, а Израелката беше четврта.

За среќа Салпетер може да се утеши со златото на 1.500 метри, со што стана првата израелска атлетичарка која освоила златен медал на тартанот на едно големо натпреварување.

Scroll to Top