Според многумина, најдобриот фудбалер во историјата, Лионел Меси, го посети стадион „Камп Ноу“, кој е во последна фаза од реновирањето. На овој стадион, 38-годишниот Аргентинец доживеал многу брилијантни моменти во својата кариера носејќи го дресот на Барселона.
Лионел Меси го носеше дресот на Барселона 2004 до 2021 година, и сосема е логично што неговата „тајна“ посета во неделата навечер била придружена со емотивна порака.
„Синоќа се вратив на местото што ми недостига во душата. Местото каде што бев неизмерно среќен, каде што ме направивте да се чувствувам илјада пати посреќен“, се зборовите со кои започнува објавата на Меси на Инстаграм.
Меси не се враќа во клубот што го водеше до најславните моменти од неговото основање, но не ја затвори ниту вратата за таа можност.
„Се надевам дека еден ден ќе можам да се вратам, а не само да се збогувам како играч, што никогаш немав можност да го направам“, подвлече Меси во емотивната порака.
Пред круната на неговата кариера, осовоејувањето на титулата на Светското првенство во 2022 година во Катар, Меси ја предводеше Барселона до 10 титули во Ла Лига, седум во Купот на кралот и четири во Лигата на шампионите.
Потоа, тој ги бранеше боите на Пари Сен Жермен две сезони, а сега влезе во третата сезона откако го носи дресот на Интер од Мајами.
