Top Sport

Липи: Италија треба да има гарантирано место на СП

Марчело Липи, човекот кој ја однесе Италија до светската титула во 2006 година, вели дека осум тима од Европа и осум тима од Јужна Америка мораат да имаат гарантирани места на Мундијалите.

На СП во 2018 во Русија, ќе недостасуваат „аѕурите“ по засрамувачката елиминација од Шведска, а покрај четирикратните шампиони нема да има репрезентации како Холандија, САД, Гана… Затоа, Липи има решение – традиционалните „супер-сили“ да имаат автоматска квалификација.

„Светско првенство без Италија и Холандија е навистина ниска точка. Сегашниот план на ФИФА за зголемувањето на бројот на репрезентации на 48 е разумен, бидејќи ќе се намалат шансите за тоа да се повтори. Сепак, јас би предложил осум европски и осум јужноамерикански екипи да имаат автоматска квалификација, бидејќи СП не е комплетно без такви тимови. Мораме да го почитуваме фактот дека СП има историја на големите репрезентации. Аргентина едвај се квалификуваше. Замислете СП без Лео Меси? Не изгледа добро, нели?“, вели Липи во интервју со ППТВ.

Липи, кој сега е селектор на Кина, исто така не успеа да ја донесе неговата репрезентација на Мундијалот, но вели дека е прашање на време кога кинескиот тим ќе се врати на Мундијалите.

„Се надевам дека Кина ќе се квалификува за 2026 година и ќе имам 82 години тогаш. Ако се квалификува во 2030, ќе славам со патерици“, додава Липи.

Scroll to Top