Top Sport

Липи за Мбапе: Така се раѓаат фудбалските богови

Фантастичниот Мундијал за Килијан Мбапе во францускиот дрес покажува дека „боговите се раѓаат“, вели Марчело Липи, легендарниот поранешен италијански селектор, кој вели дека ова покажува дека ерата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо е пред својот крај.

Липи, кој сега е селектор на Кина, а славно ја донесе светската титула за Италија во 2006 година, вели дека не постои такво нешто како „падот на боговите“ во Русија.

„Не се согласувам со тоа. Меси и Роналдо не паднаа, тие беа најдобри последните 10 години и уште ќе се на врвот. Но, затоа други богови се раѓаат, како Килијан Мбапе“, вели Липи во интервју за „Газета дело спорт“.

19-годишниот напаѓач на Пари Сен-Жермен веднаш доби споредби со бразилската легенда Роналдо ова лето, и Липи се согласува дека двајцата се направени од „ист материјал“.

„Не само што личи во играта, туку и во физичкиот изглед! Ја има таа неверојатна брзина со топката. Но, да не заборавиме, тој има и одличен тим околу него, предводен од Антоан Гризман и Пол Погба. Погба сега ги прави работите поинаку отколку кога беше во Јувентус, но неговиот тим го почитува. Тоа го немаше Меси на пример. Тој не потфрли, Аргентина едноставно немаше добар тим“, додава фудбалскиот џентлмен.

Фото: ЕПА

Scroll to Top