Top Sport

Ферстапен: Едвај го чекам тој прекрасен англиски дожд

Самодовербата на Макс Ферстапен е на највисоко можно ниво, откако Холанѓанецот стигна до првата победа оваа година минатиот викенд во Австрија, и вели дека едвај го чека Британското ГП во Силверстоун овој викенд, каде што се надева дека ќе има дожд.

По стартот на сезоната одбележан со инциденти и критики од другите возачи, Ферстапен сега има три подиуми во низа, вклучувајќи го и триумфот на Ред бул ринг.

„Да, Силверстоун е одлична патека да заврши овој луд период. Има многу брзи кривини, а најмногу ми се допаѓаат Бекетс и Меготс. Фановите секогаш се добро расположени таму“, вели Ферстапен.

Брзите кривини на Силверстоун значат и многу тешкотии при претекнувањата, и Ферстапен, кој неколку пати го покажа квалитетот на дожд вели дека би сакал дождлива трка.

„Тешко е да се претекнува, така што ќе морам да го посакам тој прекрасен англиски дожд. Во 2016 бев на второто место таму и едвај чекам повторно да бидам таму. Тоа што сме блиску до седиштето на тимот е бонус, бидејќи сите инженери и механичари ќе бидат блиску до дома“, вели Ферстапен.

Фото: ЕПА

Scroll to Top