Top Sport

Лирој Сане понуден на Реал Мадрид

Левото крило на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Лирој Сане, му е понуден на Реал Мадрид. Сане пристигна во Баерн од Манчестер Сити во 2020 година во трансфер вреден 60 милиони евра, кога потпиша петгодишен договор. Сепак, не успеа да ги потврди квалитетите на „Алијанц арена“.

Тренерот Јулијан Нагелсман се обидува да го реновира составот ова лето и на Сане му порача дека може да си замине за одредена отштета. Неговите агенти го понудија на актуелниот европски првак Реал Мадрид.

Но, и Реал Мадрид најави дека ќе почека со евентуалните нови трансфери. Тренерот Карло Анчелоти дури истакна и дека летниот преоден рок е затворен, а очекува најголемо засилување да биде Белгиецот Еден Азар кој минатата сезона се мачеше со повреди.

Scroll to Top