Top Sport

„Лисиците“ во мини-криза, Норич со голема победа (видео)

Норич со 1:0 ги совлада Лестер во првиот меч од 28. коло во Премиер лигата, за да ја продолжи лошата низа на „лисиците“, кои немаат победа во последните четири мечеви, но засега се сигурни на третото место на табелата.

Единствениот гол на мечот дојде во 70. минута, кога по нафрлањето на Аронс, бекот Џамал Луис со убав удар успеа да го совлада Каспар Шмајхел, за да ја обезбеди првата победа на Норич по пет меча. Ова е прв гол воопшто во кариерата за 22-годишниот репрезентативец на Северна Ирска.

И покрај триумфот и трите поени, Норич остануваат на последното место во Премиер лигата со 21 поен, три помалку од Вест хем и Вотфорд и четири зад Астон вила на 17. место на табелата. Лестер се трети со 50 поени, седум помалку од второпласираниот Манчестер сити, но сега само шест пред Челси на четвртото место.

Scroll to Top