Top Sport

Луд кам-бек на Херта од 0:3 до 3:3! (видео)

Фортуна Диселдорф и Херта Берлин на фантастичен начин го отворија 24. коло во Бундеслигата, откако домаќините успеаја да пропуштат 3:0 водство од првото полувреме, за на крајот да се задоволат само со 3:3 реми со гостите од Берлин, благодарение на голот од пенал на Кшиштоф Пјонтек.

Херта потроши рекордни за Бундеслигата 78 милиони евра за засилувања во зимскиот преоден рок, но на гостувањето кај клубот кој се наоѓа во зоната за испаѓање, губеа со 3:0 на полувреме, откако прво примија два гола во првите девет минути од мечот (Кенан Караман и Ерик Томи), пред Караман во финишот на полувремето да им донесе 3:0 водство.

Но, работите не одеа според планот во вторите 45 минути – прво Томи во 64. минута си постигна автогол, за само две минути подоцна Матеуш Куња да намали на 3:2, за Пјонтек, големото најавено засилување на Херта по трансферот од Милан, во 75. минута да израмни со гол од белата точка.

Scroll to Top