Top Sport

Ливаја го нокаутирал Лазовиќ, по мечот АЕК-Види (Видео)

АЕК, синоќа, го потврди пласманот во фазата по групи во Лигата на шампионите, играјќи 1:1 во реваншот против унгарскиот шампион Види Мол.

Грчкиот тим кој последен пат пред 12 години играше во фазата по групи во Лигата на шампионите, ќе има проблеми кога во септември ќе започнат натпреварите. Играчите на АЕК во реваншот добија два црвени картони¸што значи дека ги очекува подолга суспензија, особено тоа се однесува на напаѓачот Марко Ливаја.

Во регуларниот дел од натпреварот, на 15 минути до крајот директен црвен картон доби Лопез, а Ливаја доби црвен картон по завршувањето на натпреварот.

Хрватскиот интернационалец со нога во градите го удрил играчот на Види, Данко Лазовиќ.

Scroll to Top