Top Sport

Конорс: За 3,5 милиони долари би играл на пладне во Сахара

Почетокот на Флешинг Медоуз, последниот гренд-слем во сезоната, минува во знакот на не хуманите услови за игра, предизвикани од високите температури и големата влажност на воздухот.

Поради ваквите услови Новак Ѓокоиќ и Мартон Фучовиќ, добија десет минути пауза пред стартот на четвртиот сет.

„Никогаш сум немал вакво искуство. Благодарност до гренд-слемот, беше потребено да се воведе тој одмор од десет минути, благодарам“, напишал Ѓоковиќ на „Твитер“.

Инаку, српскиот тенисер имаше проблеми со Унгарецот, а паузата му помогна да се ресетира и со 6:0 во четвртиот сет да го заклучи мечот.

foto: epa

По објавата на „Твитер“, Ѓоковиќ доби поддршка од својот поранешен тренер Борис Бекер, додека дијаметрално спротивен став има легендарниот Џими Конорс, иако и тој им пружи поддршка на тенисерите.

„Дали е жешко? Да имам можност да играм за 3,5 милиони долари, по играл на пладне во Сахара. Тоа е дел од играта. Излегувате на теренот и давате се од себе. Среќно тенисери“, реагирал Конорс на твитот на Бекер.

Scroll to Top