Top Sport

Ливаковиќ од Динамо Загреб се пресели во Фенербахче

Доминик Ливаковиќ направи трансфер од Динамо Загреб во Фенербахче, соопшти турскиот клуб. Хрватскиот репрезентативец по долги преговори прејде во редовите на турскиот гигант.

Ливаковиќ го напушта Динамо по осум години и шест шампионски титули со клубот во Хрватска.

„Нашиот клуб постигна начелен договор со голманот и со неговиот клуб Динамо Загреб за трансферот. Играчот денеска ќе дојде во Истанбул за да ги помине лекарските прегледи и да се договори за понатамошен трансфер и да се претстави пред публиката“, се вели во соопштението на Фенербахче.

Ливаковиќ го напушти клубот откако „модрите“ беа драматично елиминирани од АЕК во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, а во пресрет на вечерашниот натпревар од плеј-офот од Лигата на Европа против Спарта Прага.

Иван Невистиќ треба да го наследи како прв голман во Динамо Загреб.

 

Scroll to Top