Top Sport

Ливаковиќ се сели во Шпанија

Голманот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Доминик Ливаковиќ, наместо во Турција кариерата ќе ја продолжи во Шпанија. Долго време Ливаковиќ се поврзуваше со трансфер во Фенербахче, но на крајот ќе заврши во Виљареал.

Виљареал, во јануари го продаде првиот голман Херонимо Рули во Ајакс. На неговото место застана 40. годишниот Пепе Реина. И покрај тоа што ветеранот бранеше во добра форма, јасно е дека на Виљареал му треба помлад голман.

Шпнаците тврдат дека клубот и голманот постигнале договор, сега Виљареал треба да ја договори оштета со Динамо. Хрватите бараат 10 милиони евра, Виљареал понудиле седум.

Scroll to Top