Top Sport

Ливерани: Пандев како што старее, станува поголем фудбалер за одлука

Тренерот на Лече, Фабио Ливерани беше полн со пофалби за својот поранешен соиграч, македонскиот капитен Горан Пандев пред дуелот со Џенова.

Ливерани беше колега со Пандев во тимот на Лацио и признава дека колку е постар, толку повеќе знае да одлучува мечеви.

„Џенова се многу добро организиран тим со свој идентитет. Имаат силен тим, добри технички фудбалери, но и некој како Пандев, кој колку е постар, толку е поодлучувачки во меч. Нивниот тим е многу посилен од тоа што го покажува местото на табелата“, вели Ливерани.

Џенова игра многу подобро со доаѓањето на уште еден поранешен соиграч на Пандев како тренер, Тијаго Мота, меѓутоа уште се во зоната за испаѓање и им се потребни поени посебно против тимови како новиот прволигаш Лече.

Scroll to Top