Ливерпул побараа официјална истрага од страна на УЕФА по хаотичната вечер во Париз, каде што стартот на финалето на ЛШ на „Стад де Франс“ доцнеше половина час откако навивачите на „црвените“ беа спречени да влезат на стадионот.
Француската полиција реагираше брутално со илјадниците навивачи на Ливерпул кои пристигнаа во Париз, а УЕФА инсинуираше дека тие се обиделе да влезат на стадионот со лажни билети. Полицијата во Париз потврди дека 68 луѓе биле уапсени пред финалето, а дури 174 биле повредени, од кои мнозинството со вдишување на солзавецот кој го пушти самата полиција.
Германските медиуми пак, објавија дека Марвин Матип, братот на дефанзивецот на Ливерпул Џоел, мораал да избега со своето семејство и бремената жена во моментите кога полицијата користела солзавец, а постоеја и непотврдени вести дека дел од навивачите на „црвените“ по крјот на мечот била мета на организирани банди кои ги ограбиле.
Со свој коментар се јави и легендата на Ливерпул, Сер Кени Далглиш.
„Навивачите на Ливерпул се посебни. Начинот на кој беа третирани од властите беше шега. Никому не треба да му е страв да оди на фудбалски меч. Благодарност до сите кои дојдоа во Париз“, напиша Далглиш на социјалните мрежи.
Liverpool FC statement on #UCLfinal entry issues:
— Liverpool FC (@LFC) May 28, 2022
The Liverpool fans are special. The way they were treated by authorities was an absolute joke. Nobody should ever be afraid to go to a football game. Thank you to everyone who came to Paris. The Fan Park was unbelievable. I hope you all get home safe. What a season! YNWA
— Sir Kenny Dalglish (@kennethdalglish) May 29, 2022