Настапот на Диого Жота и Роберто Фирмино во финалниот меч во Лига купот е под знак прашалник. Бразилецот има проблем со мускулите, додека Португалецот се мачи со повредата на скочниот зглоб.
Жота и Фирмино сигурно нема да бидат во тимот на Ливерпул, вечерва против Лидс во Премиер лигата.
„Во овој момент најлесно е да кажаме дека нема да играат. Ќе почекаме. Не тренираат и тоа не е добро. Мораме да видиме што можеме да направиме во наредните денови, тогаш и ќе донесеме одлука“, рекол Клоп.
Финалето во Лига купот, ќе се одигра на 27.февруари на „Вембли“ во Лондон.