Top Sport

Ливерпул без мака со Барнли, на една победа од топ 4 пласман!

Ливерпул стигна до рутинска 0:3 победа на гости кај Барнли, за да се искачат на четвртото место на табелата, и да се на пол-позиција во борбата за пласман во Лигата на шампиони, додека во исто време Вест хем по 3:1 победата над Вест Бромвич Албион се на чекор до место во Лига Европа.

Роберто Фирмино стрелаше во 43. минута, а Нет Филипс зголеми на 0:2 во 52. минута, пред Алекс Осклејд Чембрлен 90. минута да стави печат на четвртата победа во низа, со која „црвените“ се израмнија на 66 поени со Лестер, но сега се четврти поради подобрата гол-разлика од „лисиците“. Во последното коло, Ливерпул го пречекуваат  Кристал палас, додека Лестер имаат далеку потежок меч со Тотенхем.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top