Top Sport

Ливерпул без Мане најмалку десет дена

Еден од најдобрите играли на Ливерпул, Садио Мане, не го заврши натпреварот против Вулверхемптон. Сенегалецот поради повреда во вториот дел го напушти теренот. Еден од членовите на медицинскиот тим на Ливерпул рекол дека повредата не е сериозна.

„Почувствува болка во задната ложа, но болката не е сериозна. Не сакавме ништо да ризикуваме поради тоа излезе. Не е ништо сериозно“, рекол еден од лекарите.

Од друга страна менаџерот Јирген Клоп бил воздржан во својата изјава.

„Се уште не знаеме за што се работи, ќе почекаме. Почувствува болка поради тоа излезе. Веројатно десетина дена ќе бидеме без него“, рекол Клоп.

Она што го загрижува тренерот на Ливерпул е што покрај Мане, тимот ќе биде одреден период и без Мохамед Салах.

Садио Мане од почетокот на сезоната има учинок од 15 гола и 11 асистенции во сите натпреварувања.

Веројатно Ливерпул без Мане ќе биде на натпреварите против Вест Хем и Саутемптон.

Scroll to Top