Фудбалерите на Ливерпул ја забележаа 24 победа во Премиер лигата. Избраниците на Јирген Клоп го совладаа Саутемптон со 4:0. Сепак попладневната програма во Премиер лигата ја обележа неверојатниот пресврт на Евертон против Вотфорд и ремито со шест гола помеѓу Вест Хем и Брајтон.
Саутемптон издржа едно полувреме на „Енфилд“. Во второто Ливерпул постигна четири гола. Бедемот на „светците“ го проби Окслејд-Чембрлен, потоа резултатот го зголеми Хендерсон, а точка на победата стави Салах со головите во 72 и 90 минута.
Фантастичен натпревар одиграа на Олимпискиот стадион во Лондон Вест Хем и Брајтон. Домашните фудбалери водеа со 2:0 и 3:1 но накрајот освија само еден бод.
Диоп и Сондграс постигнаа два гола за Вест Хем во првиот дел за сигурна предност. Гостите во 47 минута го намалија резултатот со авто-голот на Огбона. Сонграс со својот втор гол им ја врати комотната предност на „чеканите“, кои не издржаа во финишот. Во 75 и 79 минута бод за Брајтон донесоа Грос и Мареј.
Евертон со спектакуларен пресврт и со играч помалку победи кај Вотфорд 3:2. Вотоворд имаше предност од 2:0 со головите на Масина во десеттата и Андреас Переира во 42 минута. Вистинки шок домаќините доживеаја во судиското надополнување на времето во првиот дел. Два гола во 46 и 49 минута постигна Јери Мина.
Евертон во 71 минута останаа со играч помалку на теренот. Вториот жолт картон го доби Фабијан Делф. Меѓутоа и со играч помалку „карамелите“ победија. Голот за три бода го постигна Тео Волкот во 90 минута.
Бортнмут ја победи Астон Вила со 2:1, Њукасл и Норич одиграа натпревар без голови, додека Шефилд Јунајтед победија кај Кристал Палас со 1:0.