Top Sport

Ливерпул ги здроби „чеканите“

Ливерпул постигна четири гола на „Олимпискиот стадион“ во Лондон за да му нанесе на Вест Хем тежок пораз од 1:4 и да го зголеми притисокот на хрватскиот менаџер на „чеканите“, Славен Билиќ.

Победата беше решена во три минути во првото полувреме, кога прво Салах покажа дека е во фантастична форма со голот во 21. минута, пред Жоел Матип во 24. минута да покаже дека „Црвените“ дојдоа во Лондон по три поени.

Мануел Ланзини даде малку надеж на Вест Хем дека е можно да направат нешто повеќе откако намали на 1:2 во 55. минута, но до крајот на мечот, Александер Окслејд-Чембрлен и уште еднаш Салах ги потврдија трите поени за тимот на Јирген Клоп.

Со победата, Ливерпул го замени изненадувачкиот Барнли на шестото место во лигата со 19 поени, девет помалку од лидерот Манчестер сити (кој има и натпревар помалку), додека Вест Хем има само 9 поени, и е веднаш над зоната за испаѓање, со само еден поен повеќе од Свонски на 17. место.

Scroll to Top