Top Sport

Селтик британски рекордер, 63 натпревари нема пораз

Фудбалерите на Селтик како гости победија кај Сент Џонстон (4:0), во рамките на 12 коло во шкотскиот шампионат и поставија нов рекорд во британскиот фудбал – 63 натпревари без пораз.

Селтик го подобри сосптвениот рекорд поставен пред еден век, одоносно во периодот 1915-1917 година. Тој тим на Селтик не бил поразен на 62 натпревари.

Рекордната низа екипата на Брендан Роџерс ја започна во мај 2016 година со победата над Медервил (4:0), а во таа сезона Селтик ја освои тројната круна.

Интересно, последна екипа која успеала да го победи Селтик е Сент Џонстон.

Scroll to Top