Јирген Клоп и првите луѓе на Ливерпул се загрижени дека нивната сенегалска ѕвезда Садио Мане ќе замине ова лето, откако напаѓачот уште не дал одговор на понудениот договор од пред девет месеци, а Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен се подготвени да ја искористат ситуацијата, јавуваа британскиот „Сан“.
28-годишниот Мане има договор со клубот до 2023 година, но од клубот сакаат да го обврзат своите најдобри денови да ги помине на „Енфилд“, откако се блиску да го убедат Виргил ван Дајк да остане барем до 2025 година.
Мане би добил иста плата од 250.000 фунти неделно доколку се согласи на новиот договор, но тој уште се двоуми. Една опција каква што Ливерпул би дозволил да се комплетира е Мане да биде дел од зделката за замена со ПСЖ со Килијан Мбапе, но приоритетот на Клоп е да го убеди да остане.