Шпанскиот фудбалер Стефан Бајчетиќ кариерата ќе ја продолжи во Салцбург. Ливерпул го испрати Бајчетиќ на позајмица, откако тренерот Арне Слот го извести фудбалерот дека сезонава за него нема да има место во тимот.
Бајчетиќ е син на поранешниот фудбалер на Црвена звезда, Срѓан. Роден е во Виго кога неговиот татко го носеше дресот на Селта. Стефан и покрај понудите од Србија реши да игра за Шпанија.
Дебитираше за Ливерпул кај Јирген Клоп, а поради повреда не играше минатата сезона.
Шпанците шпекулираа дека Барселона е заинтересирана за Бајчетиќ, откако Бернал се здби со повреда поради која ја заврши сезоната. Сепак финансиската криза во Барселона е огромна, клубот се откажа од Бајчетиќ откако доби информација од Ла Лига дека нема да може да го регистрира фудбалерот.
На крајот Бајчетиќ се пресели во Салцбург. Австријците на Ливерпул ќе му платата 2.000.000 евра, но нема да можат да го откупат неговиот договор.