Top Sport

Ливерпул го израмни рекордот на Премиер лигата

Второ лето по ред, Ливерпул го постави, или израмни, рекордот во островскиот фудбал за еден дојдовен трансфер. Како што известува добро информираниот инсајдер Дејвид Орнштајн од „Атлетик“, постигнат е целосен договор со Пари Сен Жермен во врска со трансферот на Бредли Баркола.

Трансферот на Баркола изнесува 145.000.000 евра, односно 125.000.000 евра во фиксниот дел од надоместокот и уште 20.000.000 евра во лесно остварливи бонуси.

Баркола ќе потпише петгодишен договор на „Енфилд“, а се очекува да заработува околу 300.000 евра неделно, или над 15.500.000 евра годишно.

На почетокот на летото, Баркола беше означен како капитално засилување за „Црвените“ како замена за Мохамед Салах. Од самиот почеток, на францускиот напаѓач му се допадна идејата за трансфер на северот од островот и не му требаше долго време за да ги договори личните услови.

Потешкиот дел, преговорите меѓу клубовите, успешно заврши вчера, кога челниците на Ливерпул, лично со претседателот на ПСЖ го договориле трансферот.

Баркола не беше стандарден играч во првиот тим под водство на Луис Енрике, а минатата сезона постигна 13 гола и седум асистенции во 49 настапи.

Дебитираше за „Светците“, во сезоната 2021/22 и оттогаш постигна 39 гола и 37 асистенции во 152 натпревари.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');