Top Sport

Ливерпул го купува Каиседо за 110 милиони фунти

Англискиот премиерлигаш Ливерпул е подготвен да го собори клупскиот трансфер рекорд од 95 милиони фунти и да го ангажира Моизес Каиседо од Брајтон.

Раководството на „црвените“ ќе му понуди на Брајтон 110 милиони фунти за да го добие еквадорскиот играч за врска и да го комплетира мозаикот на Јирген Клоп во средниот ред.

Преодниот рок за Ливерпул не оди според планираното бидејќи сезоната за нив почнува в недела против Челси, а донесоа само две имиња, Доминик Шобослаи и Алексис Мекалистер.

Сакаа да го комплетираат средниот ред со Ромео Лавија, но сметаат дека 50.000.000 фунти се премногу за момче кое сѐ уште нема големо искуство. Сепак, нема да им пречи да платат двојно повеќе за Каиседо.

Scroll to Top