Извршниот директор на Ливерпул, Питер Мур, го осудил однесувањето на навивачите на овој клуб во Барселона, пред првиот полу-финален натпревар во Лигата на шампионите. Реакцијата на Мур доаѓа како реакција на видео снимките, на кои се гледа како навивачи на Ливерпул ги туркаат локалните жители во една фонтана. Полицијата од Ливерпул работи во истрагата и анализата на видео снимките.
„Гордо пееме дека сме ја покориле Европа, ајде тогаш да се однесуваме со почит, кој е препознатлив за Ливерпул, кон овој преубав град“, стои во дел од пораката што Мур ја напишал на „Твитер“.
Однесувањето на навивачите официјално го осудиле и навивачите на нивната официјална интернет страна.
„Туркањето на локалното население во фонтана не е дел од културата на Ливерпул. Разочарувачки е кока ќе се видат вакви слики“.
https://twitter.com/RedDevilBible/status/1123342173368475648
Од клубот исто така ги осудиле инцидентите со напомена дека Ливерпул соработувале со шпанската полиција во обид да се идентификуваат хулиганите.
Во пресрет на натпреварот полицијата во Барселона соопшти дека биле уапсени шестмина навивачи на Ливерпул.