Top Sport

ЦАС ја одбиле жалбата на Семења и ги одобриле новите правила на ИААФ

Кастер Семења го загуби спорт против владејачкото тело во атлетиката (ИААФ). Ова значи дека ќе биде воведено правилото со кое ќе се ограничи нивото на тестостерон кај атлетичарките.

Судот за спортска арбитража (ЦАС), ја отфрлил жалбата на атлетичарката од Јужна Африка, а која се однесувала на новите правила. Одлуката за многумина е изненадувачка, а истата била донесена од трана на тројца судии. Тие два месеци го разгледувале нејзниот случај.

Во соопштението се наведува дека новото правило било неопходно, бидејќи ќе овозможи еднакви услови за сите атлетичарки.

„Комисијата утврдила дека ДСД одредбите се дискриминирачки, но по приложените докази дискриминацијата е неопходна и разумна бидејќи ќе го сочува интегритетот на женската атлетика во одредени дисциплини“, стои во соопштението на ЦАС со напомена дека судот бил „сериозно загрижен од практичната примена“ на новите правила.

Семења поднесе жалба сметајќи дека новите правила се „неправедни“ изјавувајќи дека сака да се „натпреварува природно, онака како што е родена“.

Scroll to Top