Top Sport

Ливерпул го победија Саутемптон – Алкантара го постига деби голот во Премиер лигата

Ливерпул со победата над Саутемптон од 2:0 го скокнаа Тотенхем на табелата. „Црвените“ стигнаа до 57 поени, шест помалку и натпревар помалку од четвртопласираниот Лестер. Саутемптон се 16. на табелата со 37 поени.

Ливерпул не блескаа, но успеаја да победат. Првиот гол на натпреварот го постигна Садио Мане во 31.минута, а точка на натпреварот стави Тијаго Алкантара, во 91.минута со својот прв гол во Премиер лигата.

Имаше Ливерпул шанси да забележи и убедлива победа, меѓутоа Салах и Жота беа индиспонирани во завршниците на акциите.

Scroll to Top